-->
-->
Уапсен 35 годишник кој бил пуштен на викенд од затвор и не се вратил - се сомничи дека извршил кражба
-->
Денеска (18.01.2023) околу 10.30 часот полициски службеници од СВР Тетово го привеле 35-годишниот Р.А. од тетовско Одри за доиздржување затворска казна од 4 години и 11 месеци, откако претходно бил пуштен на викенд и не се вратил во КПУ Затвор "Идризово" во Скопје.
Тој е спроведен во казнено- поправната установа за доиздржување на казната.
Инаку, Р.А. се сомничи и дека ноќеска (18.01.2023) извршил тешка кражба во куќа во тетовско Беловиште, при што одзел пари и лични предмети. Одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Џон Кери: Нетанјаху предлагал напад врз Иран на претходни американски претседатели, сите одбиле
-

Папата Лав XIV им честиташе Велигден на верниците кои денеска го слават
-

Кремљ одбива да го продолжи велигденското примирје
-

Техеран: Ормуската Теснина е целосно под контрола на Иран
-

Во вторник во Вашингтон почнуваат преговорите меѓу Израел и Либан
-

Од вторник до четврток променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Приведен 22-годишник откако физички, со дрвен предмет ја нападнал невенчаната сопруга
-

Ѓорѓиевски: Воскресението е темелот врз кој се гради нашата вера, нашата иднина, моменти кога треба да се обединиме како народ
