Уапсен наркодилер во Тетово, торбата со марихуана ја фрлил во туѓ двор
Еден килограм непозната зелена тревлива материја најверојатно марихуана пронашла тетовската полиција во торба фрлена во двор од куќа на улицата „146“ во Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Според него, осомничен дека ја фрлил торбата е тетовецот Р.Л. (43) кој бил приведен од полицијата додека пешки се движел по улицата вчера околу 15 часот. Полицијата имала претходни сознанија дека Р.Л. пренесува наркотични средства. Откако тој ги забележал полицајците се обидел да избега и ја фрлил торбата во двор од куќа, но за кусо време бил совладан и приведен иако давал активен отпор.
- Торбата со марихуаната е одземена, фотодокументирана и ќе се вештачи додека Р.Л. е задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка. Во текот на денешниот ден во координација со јавен обвинител со соодветен поднесок тој ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово, рече Јосифовски.
Вчера бил приведен и М.Л. (27), роднина на Р.Л., кој бил во непосредна близина и со мобилен телефон го снимал неговото лишување од слобода, но по разговорот со него тој е пуштен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-
Првични резултати од прегласувањето на парламентарните избори
-
Ковачевски поднесе оставка од функцијата претседател на СДСМ
-
ЦУК: Поплавени дворови и подрумски простории во Драчево
-
Авион принудно слета на аеродромот во Тирана, патник се обидел да се самоубие
-
ДСЗИ изврши надзор на Токсикологија, склучените договори за работа се со потпис на еден директор
-
ДИК: Излезноста до 13 часот е 25,48 проценти, поголема во однос на 8 мај
-
Умерен земјотрес во Романија
-
Говор на омрза врз срцето со македонско знаме и букви на натписот Гостивар