УХМР: Денеска и утре врнежи од дожд, на планините снег
Попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи во целата земја, а пообилни ќе бидат во северозападните делови. Под влијание на влажен бран утре времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, на места и поројни (над 20 л/м2), најавуваат од УХМР.
Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.
Во Скопје, попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен, а попладне северен ветер.
Поради продор на постудена воздушна маса врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места, особено во западните делови од земјава. На планините ќе се формира нова снежна покривка. Од понеделник ќе преовладува претежно стабилно време, освен во крајните западни делови каде ќе има услови за повремени врнежи од дожд.
Ново на Сител
-

Мицкоски ја дискфалификуваше Ристовска
-

Според власта европските реформи се спроведуваат, за опозицијата државата е во изолација
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не направија кворум за резолуцијата на ДУИ за УЧК
-

Поскапувањата во јануари и февруари го „изедоа“ зголемувањето на минималецот, велат од ССМ
-

Арменд Дестани најсериозен кандидат за директор на АЕК
-

Започнува регионалниот проект „Equals“ за бесплатна правна помош
-

Специјалисти за кои има недостиг ќе можат да работат до 70 години - ќе земаат и плата и пензија
-

Идните наставници ќе мора да имаат пракса пред да влезат во училиштата
