-->
-->
УХМР предупредува - Викендов седете си дома не очекува големо невреме
-->

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе имаме локален пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.
Дневните температури ќе се движат од 23 до 29 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината дневната температура ќе достигне до 28 степени.
Следува период на променливо и нестабилно време, во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи. Утре и во недела времето ќе биде нестабилно, особено на северот и истокот од земјава.
Во сабота не се очекуваат врнежи, но ќе дува повремено засилен северозападен ветер кој ќе донесе намалување на дневните температури. Пооблачно и ветровито со северен ветер ќе биде и во понеделник, кога под влијание на нов влажен бран, врнежи се очекуваат насекаде низ земјава, прогнозира УХМР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Трговците сами си ја намалиле заработката за да нема нагло поскапување на производите
-

Протест на студентите и граѓаните кои работеле во странство пред УЈП - не сакаат да платат данок ретроактивно
-

Мицкоски: Имам чувство дека поранешни премиери од опозицијата ќе бидат под прогон
-

Средба Муцунски - Прево
-

Пратениците со оценка 5,7 за тоа каков говор користат на говорница
-

„Безбеден град“ казнува електронски, но потврдите за уплата сè уште се доставуваат лично на шалтер
-

„Ме удираш по бубрези како што татко ти те удирал тебе“ – нови снимки од насилството на Стојанче Јовановски
