УЈП: Последен ден за поднесување на ДДВ - 04 пријавите, динамиката забавена

Управата за јавни приходи (УЈП) известува дека денеска е последниот ден за поднесување ДДВ - 04 мсечни и тримесечни пријави. Следејќи го процесот на поднесување, утврдена е забавена динамика во поднесувањето на месечните и тримесечните ДДВ пријави на квартално ниво.
Според податоците до 15.07.2024 година, поднесени биле 13 проценти од очекуваните ДДВ 04 пријави, додека до 15.10.2024 година, овој процент опаднал на помалку од девет проценти.
Анализите покажуваат дека од 16 до 24 јули годинава, поднесени биле 72 проценти од очекуваните пријави, а во периодот од 16 до 24 октомври, поднесувањето изнесува 67 проценти од очекуваните ДДВ – 04 пријави, што укажува на забавено темпо во поднесувањето на пријавите во текот на октомври во однос на јули.
Управата за јавни приходи потсетува на важноста на навременото исполнување на даночните обврски и посочува дека ја разбира загриженоста на сметководителите од една страна, а ја охрабрува бизнис заедницата да ги поднесе своите документи до сметководителите без одлагање и со цел навремено поднесување на ДДВ – 04 пријавите. Потсетува дека законските рокови течат, а системите на УЈП работат 24/7, дури и за време на празниците ги поддржуваат даночните обврзници во овој процес.
-Вчера беа поднесени пријави од вкупно 6 873 даночни обврзници, а денес до пладне, поднесени се ДДВ – 04 пријави од 3 234 даночни обврзници, што укажува на вообичаена дневна динамика на поднесување. Континуирано потсетуваме на важноста на почитувањето на роковите и обврската на даночните обврзници да бидат одговорни во исполнувањето на своите даночни обврски, наведува УЈП.
Ново на Сител
-

Рама одбива да поднесе оставка, тврди дека зад протестите стојат надворешни сили
-

Франција: Над 1.800 уапсени и 500 повредени полицајци по вчерашните протести, Макрон вечерва ќе ѝ се обрати на нацијата
-

Сообраќајна контрола во Скопје: Осум возачи затекнати под дејство на алкохол
-

ФФМ: ВАР проверката потврди офсајд, поништен гол на Башкими против Силекс
-

ДИК: Излезноста во Брвеница до 13 часот е 20,50 отсто, споредено со првиот круг од изборите во 2025 излезноста поголема за 1,48 проценти
-

Изминатата вечер приведени 25 возачи, 12 возеле без положен возачки испит
-

„Њујорк тајмс“: САД предлагаат Европа повторно да купува руски гас како дел од мировниот план за Украина
-

Приведени двајца турски државјани, а едно лице е во бегство за убиство во обид
