УКИМ ги додели наградите за најдобри научници во 2015 година
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје денеска им ги додели наградите на најдобрите научници на Универзитетот во 2015 година. Награди им беа врачени на проф. д-р Мирјана Кочова - за медицински науки; вонр. проф. д-р Драган Тевдовски - за општествени науки; проф. д-р Митко Младенов - за природно-математички науки и на асист. м-р Валентин Раковиќ - за технички науки.
Како што соопшти УКИМ, одлуката била донесена на 23 мај 2016 на седница на Одборот за избор на научници на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, согласно со условите и постапката по Конкурсот за избор на најдобри научници на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за 2015 година.
- Како најстар и најдобар универзитет во Република Македонија и препознатлив во светот, УКИМ е секогаш насочен кон развојот на наставната и научноистражувачката работа. За таа цел, секоја година се доделува награда за најдобрите научници на Универзитетот, кои покажале врвни резултати во научно истражувачката дејност во тековната година, соопшти Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Ново на Сител
-
Состојбата во затворот „Идризово“ алармантна, новиот министер денеска во посета
-
Невремето ќе трае до утре, граѓаните да внимаваат од молњи
-
33 издание на меѓународниот хорски фестивал „ТЕХO“
-
Преглед на вести од светот
-
Се уште не е готово супервештачењето - Одложено судењето за Веаповска
-
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува обвинителите сериозно да го разгледаат извешајот на ДЗР за инфраструктурни проекти
-
Земјоделците бараат договори за сигурен пласман на производите
-
Преглед на вестите од светот