Украински напад со дрон врз танкер усмрти неколку лица во јужна Русија

Украински напад со дрон врз танкер во јужното руско пристаниште Ростов на Дон наводно усмртил неколку лица и го оштетил бродот, соопштија регионалните власти, пренесе ДПА.
Гувернерот на Ростовската област, Јуриј Слјусар, рано утрово соопшти дека меѓу загинатите има членови на екипажот на бродот, а уништена е и блиска станбена зграда во изградба во западниот дел на градот. Градоначалникот на Ростов на Дон, Александар Скрјабин, исто така информира за жртви на Телеграм.
Руските сили синоќа извршија напади врз Украина. Во југоисточниот град Запорожје, најмалку 32 лица се повредени во текот на ноќните воздушни напади, според гувернерот Иван Федоров. Меѓу повредените има и пет деца.
Украинската новинска агенција Укринформ јави дека руските напади биле насочени кон станбени згради, училиште и претпријатие.
Бројките за жртвите и извештаите за штетите не можат да бидат независно потврдени.
МИА
Ново на Сител
-

Пристигнаа првите „Страјкери“ од САД
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Македонија останува безбедна
-

Над 1000 казни за 2 дена
-

Повеќе можности за студентите, заедничка призната диплома на повидок
-

Македонски Каритас започнува проект од половина милион евра за подобрување на животната средина во седум општини од југоистокот
-

Трета година по ред ООУ Кочо Рацин од Прилеп организира еко акција за пошумување
-

Преглед на вестите од светот
