УНЕСКО ја осуди политиката на Израел во Ерусалим
Организацијата за образование, наука и култура при Обединетите Нации (УНЕСКО) усвои резолуција со која се осудува израелската политика во Источен Ерусалим и окупираниот Појас Газа.
Како што наведува палестинскиот весник Ал-Кудс, во документот, Израел е оквалификуван како „окупаторска сила" која нема суверенитет над Источен Ерусалим и дека активностите на Израелците го менуваат карактерот и статусот на Светиот Град, пренесува ФЕНА.
Резолуцијата ја прифатиле 22 земји, 10 биле против, а 23 воздржани.
Палестинскиот министер за надворешни работи Ријад Малки ја поздрави оваа Резолуција, додека пак, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја наече „апсурдна".
Резолуцијата предложена од неколку арапски земји, е сепак поумерена од онаа на УНЕСКО од минатата година, во која неколку локации се споменуваат со нивните исламски називи, а израелските се игнорираат.
Ново на Сител
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје