УНИЦЕФ: Боко Харам користи десет пати повеќе деца за бомбашки напади

Фондот за деца на Обединетите нации - УНИЦЕФ соопшти денеска дека бројот на децата, кои ги користи нигериската исламистичка групација Боко Харам за извршување бомбашки напади се зголемил за десет пати за една година, а тоа има катастрофални последици за заедниците, каде сега децата се сметаат за закана.
УНИЦЕФ додаде дека 75 отсто од децата се девојчиња.
Бројот на децата, кои учествувале во самоубиствените напади во Нигерија, Камерун, Чад и Нигер се зголемил од 4 во 2014 година на 44 минатата година.
Бројот на сите самоубиствени бомбашки напади се зголемил од 32 во 2014 година на 151 минатата година.
Во 2015 година 89 од тие напади биле извршени во Нигерија, 39 во Камерун, 16 во Чад и седум во Нигер.
Боко Харам испраќа напаѓачи да активираат бомби во џамии, на пазари и на други локации. Се претпоставува дека Боко Харам ги претвора своите заробеници во оружје.
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
