УНИЦЕФ: Нигериската војска ослободи 25 деца

Нигериската војска денеска ослободи 25 деца откако утврди дека немаат врска со исламистичките групи на североисток од земјата, соопшти УНИЦЕФ.
Ослободените деца, 23 момчиња и две девојчиња, се предадени на властите во Борноу, држава која најмногу е погодена од судирите.
– Овие деца се одземени од нивните семејства и заедница, лишени од детство, образование, здравствена заштита и шанса да пораснат во безбедно и добро опкружување, рече в.д.претставничката на УНИЦЕФ за Нигерија, Пернил Ајронсајд.
На децата ќе им се овозможи пристап до медицинска поддршка, образование и обука, се наведува во соопштението на УНИЦЕФ.
Во судирите на владините сили со исламистичката група Боко Харам во Нигерија загинаа повеќе од 30.000 луѓе во изминатите 10 години.
Не е познато колку деца биле вовлечени во вооружени групи, вклучувајќи го и Боко Харам, ниту како биле регрутирани.
Ново на Сител
-

Герасимовски: Централата на училиштето „Киро Глигоров“ веќе носи пониски сметки, во 2026 нови фотоволтаици и во „Гоце Делчев“ и „Коле Неделковски“
-

Акција на МВР: Приведен Бујар Дарлишта и уште десетина лица за економски криминал
-

Ја искршил влезната врата на објектот и студиото, ги пцуел и се обидел да ги нападне, обвинение за упадот во Инфомакс
-

Орбан: Прашањето за заемот за репарации е затворено, целата идеја е глупава
-

Крај на телевизиската ера на Оскарите - од 2029 година ќе се емитуваат преку Јутјуб
-

Се руши дивоградба во Инџиково, сопственикот не го почитувал законот
-

Денеска е Заслуг, а утре е големиот празник Свети Никола
-

Скопје утрово седми најзагаден град во светот, втор во Европа
