УНИЦЕФ: Нигериската војска ослободи 25 деца

Нигериската војска денеска ослободи 25 деца откако утврди дека немаат врска со исламистичките групи на североисток од земјата, соопшти УНИЦЕФ.
Ослободените деца, 23 момчиња и две девојчиња, се предадени на властите во Борноу, држава која најмногу е погодена од судирите.
– Овие деца се одземени од нивните семејства и заедница, лишени од детство, образование, здравствена заштита и шанса да пораснат во безбедно и добро опкружување, рече в.д.претставничката на УНИЦЕФ за Нигерија, Пернил Ајронсајд.
На децата ќе им се овозможи пристап до медицинска поддршка, образование и обука, се наведува во соопштението на УНИЦЕФ.
Во судирите на владините сили со исламистичката група Боко Харам во Нигерија загинаа повеќе од 30.000 луѓе во изминатите 10 години.
Не е познато колку деца биле вовлечени во вооружени групи, вклучувајќи го и Боко Харам, ниту како биле регрутирани.
Ново на Сител
-

Зеленски: Разговори со Трамп за распоредување на американски трупи во Украина, одлуката е на САД
-

Турција годинава ја погодија 53.262 земјотреси
-

Ѓорѓиевски на ФБ: Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, создадовме програма што ги поврзува сите генерации
-

Сали на Фејсбук: На денешната седница на Владата бев именуван за прв заменик-претседател на Владата
-

ФФМ ќе ја проверува постапката за издавање тренерски лиценци
-

Рама: Албанија ќе произведува оклопни возила и борбени беспилотни летала
-

Вучиќ: Во 2026 година имаме две цели - мир и најдобра година во економијата
-

Апел од лекарите да не се користат пиротехнички средства
