УПМ бара појаснување за новите ставки во сметките на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје
Унијата на потрошувачи на Македонија (УПМ) прашува кој дозволи да се воведе нова ставка во сметката на ЈП „Водовод и канализација“ за потрошена вода во Град Скопје и бара објаснување од надлежните што значи собирање и одведување на отпадни води и прочистување на отпадни води.
-Освен што е покачена цената на водата за еден отсто, што е незначително, можам да нагласам дека е воведена нова ставка – надомест за одржување на јавното градско зеленило без ДДВ, кој изнесува 31 процент од тафирата за водна услуга што е голема сума. Покрај тоа, во претходните сметки имавме вкупна тарифа за водни услуги која сега е расчленета на тарифа за водни услуги и на две други ставки – „собирање и одведување на урбани отпадни води“ и „прочистување на отпадни води“. Бараме од надлежните да ни објаснат што значат новите две ставки, рече Атанас Трајковски од Унијата на потрошувачи на Македонија на денешната прес-конференција.
Претседателот на Унијата на потрошувачи, Страшо Јованов, пак, посочи дека целта на прес-конференцијата е да укажат на постојаното воведување нови давачки без при тоа да се почитува Законот за потрошувачи и без да се прашаат потрошувачите дали се согласуваат со нивното воведување.
-Давачката за одржување на јавното зеленило ми заликува во голем дел на некогашниот дел од сметките за струја од 33 отсто кој беше предвиден за изградба на нови енергетски капацитети. Овде, наместо производство или унапредување на цевководот за снабдување со вода, се воведува давачка за трошење на водата без притоа да се прашаат граѓаните дали се согласуваат нивниот буџет да биде оптоварен со ваков вид јавна давачка која не е мала и изнесува дури 31 процент од потрошената вода, рече Јованов.
Ново на Сител
-
Мицкоски и Филипче на чекор до лидерска средба
-
Мицкоски: Милошоски и Филков имале само лош ден што треба да заврши
-
Негативно мислење за разрешувањето на обвинителот Коцевски
-
Дали повисоки казни ќе спречат трагедии како Кочани?
-
Клиниката за физикална медицина се подготвува да ги прими првите пациенти од пожарот во Кочани за рехабилитација
-
На чекор сме до генерален штрајк во цела држава, предупреди ССМ на протестот за повисоки плати
-
Откако Палевски беше отстранет од судница, Кешишев раскажа како биле грабнати и убиени Вања и Панче
-
Нормализиран водостојот на Маркова Река, штети во Батинци, Горно и Долно Лисиче