-->
-->
УПОЗ ќе го кандидира Пецо Грујовски за претседател на ССМ
-->

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) ќе го кандидира Пецо Грујовски за претседател на ССМ.
Одлуката за неговата кандидатура е донесена на седница на Претседателството на УПОЗ одржана на 5. овој месец. Грујовски е актуелен претседател на овој гранков синдикат.
На претстојниот вонреден конгрес, кој најверојатно ќе се одржи во ноември, Грујовски треба да има поддршка од најмалку шест гранкови синдикати во кои членуваат најмалку една третина од вкупниот број членови на синдикатите здружени во ССМ.
Грујовски вели дека поддршката од гранковите синдикати ќе ја бара со програма што ќе ја презентира во наредниот период
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
