Свет
8. January 2018 - 19:03

Уредничка на Би-БИ-Си се повлече од функцијата поради различни плати помеѓу мажите и жените

Новинарката од Би-Би-Си, Кери Грејси - уредничка за Кина во регионалното биро на телевизијата во Пекинг, најави дека ќе поднесе отказ од функцијата во знак на протест поради разликите во платите помеѓу мажите и жените во теливизијата.

Грејси, која работи во Би-Би-Си 30 години, изјави дека не може да ја врши работата на високо ниво, додека се бори со шефовите за еднаквост на платите помеѓу мажите и жените.

Таа го наведува примерот на четворица меѓународни уредници во Би-Би-Си, од кои двајца мажи кои земаат дури 50 проценти повисоки плати од колешките.

Грејси ќе се врати на старото работно место во дескот на Би-Би-Си, каде се надева дека же има иста плата со колегите.