Уште еден републикански сенатор побара од Трамп да поднесе оставка
Пет Туми е втор републикански сенатор кој побара оставка од американскиот претседател Доналд Трамп, тврдејќи дека би можел да се соочи со кривична одговорност поради упадот на негови приврзаници во Капитол Хил, објави Гласот на Америка (ВОА).
– Сметам дека за нашата држава е најдобро претседателот да поднесе оставка и да си замине колку е можно побрзо, истакна Туми за Ен Би Си, оценувајќи дека постапките на Трамп по изборите се без преседан.
Тој нагласи дека Трамп би можел кривично да одговара поради немирите кои се случија во Капитол Хил.
Туми, кој до неодамна беше приврзаник на Трамп од редовите на конзервативците, го изнесе својот став во момент кога демократите подготвуваат процедура за импичмент на Трамп во Претставничкиот дом, а истовремено во тек е федерална истрага за инцидентот во кој загинаа пет лица, а десетици се повредени.
Лиза Мурковски беше првата републиканска сенаторка која порача дека американскиот претседател во заминување Доналд Трамп треба веднаш да се повлече од функцијата.
Ново на Сител
-
Курти поднесе оставка
-
Извештај на Омбудсманот за човековите права: Најмногу поплаки од проблемот со пасошите
-
ЦУК алармира за две отворени шахти во општина Аеродром
-
Издавала регистарски таблици без наплата - Кривична за референт од Куманово
-
Три бронзени бисти украдени од гробиштата „Бутел“
-
Во Турција уапсени 234 лица во меѓународна операција против организираниот криминал
-
Запознајте ја Зора, млада здрава женка балкански рис тешка 15,5 кг. | ВИДЕО
-
Сопружници измамени за 824.000 денари - очекувале да добијат стан