Македонија
25. September 2024 - 16:38

Уставен го укина застарувањето на долгови, ќе се извршуваат и после 10 години

Уставниот суд ги укина измените на Законот за облигациони односи со кои извршувањето на долговите застаруваше за 10 години. Се враќа и периодот од 10 години во кои доверителот има право да побара извршување на неплатен долг. Според уставен, законот бил неприменлив, ги дискриминирал доверителите кои според устав имале право да бараат наплата од должниците.

„Суштината на извршувањето по присилен пат, е да се реализира конкретното право утврдено со правосилна судска или друга одлука на надлежен орган, односно да се оствари целосна реализација на побарувањето. Воведеното временско ограничување на извршувањето, тоа го спречуваше“, Ана Павловска Данева, Судија известител.

Судијката известител, Ана Павловска Данева, на брифинг со новинарите обајснуваше дека тие воопшто не се занимавале со роковите. За судот спорно било што законот почнал да важи веднаш, па доверителите немале време да се прилагодат.. Забележуваат и на ретроактивноста на законот со што ги застарело веќе почнатите постапки за извршување.

Потегот на уставен го осудија здруженијата по чија иницијатива беше изменет законот за облигациони односи.. Велат одлуката е на штета на илајдници граѓани, очекуваат реакција од владата и собранието.

Од уставен велат дека Собранието може веднаш да донесе нова одлука, но како што велат, треба да внимава на рокот во кој ќе почне примената на законот но и да води сметка за рамноправност на должникот и доверителот.

Здруженијата на граѓани пак се сомневаат дека зад одлуката на Уставен стојат интереси на големи компании кои бараат наплата на заостанат долг.

Инаку, со одлуката на Уставен не се менува делот од законот кој предвидува дека казнената камата не може да ја надмине сумата на долгот.