-->
-->
Вардар 2015: Финалето во 20ч.
-->

Завршија натпреварите по групи на Меѓунардониот турнир „Вардар 2015“. Вардар и Кристијанштад ќе се борат за првото место, за третото ќе играат Чеховски медведи и Краснодар, а за петтото Металург и Нексе.
Двата дуела во А и Б групата од последното коло ги одредија позициите за тимовите во борбата за пласман. Во Б групата Кристијанштад славеше над Краснодар со 32:30 иако по 40 минути игра швадскиот шампион имаше предност од 24:15.
Кристијанштад ја потврди првата позиција во групата, второто место го освои Краснодар пред Металург поради подобрата гол разлика.
Во последниот меч од А ггрупата Чеховски медведи и Нексе екипи кои претходно загубија од Вардар, одиграа без победник 24:24, но рускиот тим ќе се бори за третото место на турнирот поради подобрата гол разлика.
Натпреварите за пласман ќе се одиграат во четврток, од 16 часот ќе играат Металург и Нексе, од 18 часот е рускиот двобој Краснодар-Чеховски медведи, а финалето помеѓу Вардар и Кристијанштад ќе стартува во 20 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Патарини ќе може да се плаќа и преку мобилен телефон
-

Петмесечно бебе починато однесено на Детска клиника
-

Судскиот совет пред одлука меѓу судиите Димовска и Стефановски за претседател на Кривичниот суд
-

Само три лица издржуваат куќен затвор со електронска алка, ќе се менува Законот за пробација
-

Жестока расправа во Советот за кварталниот извештај за буџетот на Град Скопје
