-->
-->
Вардар со гол во финишот го доби вечното дерби со Пелистер
-->
Во последниот натпревар од 2. коло на Првата македонска фудбалска лига, Вардар вечерва во Скопје го совлада Пелистер со 1:0.
Вечното дерби го реши францускиот интернационалец Дијанеси со гол на десетина минути пред крајот на натпреварот.
Ова е прва победа за „црвено-црните“ во новата сезона, а Пелистер ќе чека друга шанса за прва радост.
На другите натпревари од ова коло одиграни денес постигнати се следниве резултати:
Гостивар – Шкупи 2:0
Шкендија – Работнички 1:1
Силекс – Брера Струмица 4:0
Струга – Беса 1:0
Тиквеш – Воска Спорт 2:1.
Струга е лидер на табелата со 6 бодови, пред Шкендија, Гостивар и Работнички со по 4 бода. Силекс, Тиквеш, Вардар и Брера имаат по 3, Воска, Пелистер и Шкупи по1, Беса е без освоен бод.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЛШ: Интер без Димарко и Арнаутовиќ против Манчестер Сити
-
Хезболах го обвинува Израел за експлозиите во Либан, расте бројот на загинати
-
Функционерските таблички во различна боја
-
Осум загинати, 2.750 повредени по експлозиите на пејџери низ Либан
-
Османи: Барањата на Вучиќ не треба да се сфатат сериозно, тој не сака Србите да се вратат во косовските институции
-
Петковиќ: Бислими одби трилатерална средба во Брисел
-
Претседателката Сиљановска Давкова ја прими грчката амбасадорка Филипиду
-
Пожар во парламентот во Романија, евакуирани 300 луѓе