Ватикан: Папата Франциск имаше мирна ноќ

Папата Франциск имаше мирна ноќ, соопшти утрово прес-службата на Светата столица во најновиот извештај за здравствената состојба на папата кој се лекува од пневмонија во болницата Гемели во Рим.
На вчерашната прес-конференција во болницата Гемели во Рим, докторот Серхио Алфиери, шеф на тимот што се грижи за папата и доктор Луиџи Карбоне, заменик-директорот на здравствената служба на Ватикан, соопштија дека папата ќе биде хоспитализиран „најмалку цела следна недела“, дека неговата состојба не е животно загрозувачка, но и оти се уште е опасна.
Доктор Алфиери нагласи дека папата не е прикачен на вентилатор, иако сè уште се бори со дишењето и, следствено, со ограничени физички движења, потсети Ватикан Њуз. Сепак, рече лекарот, папата седи исправено на столица, работи и се шегува како и обично. Алфиери рече дека кога еден од лекарите го поздравил папата велејќи „Здраво, свети оче“, тој одговорил со „Здраво, свети сине“.
На новинарско прашање кој е нивниот најголем страв, лекарите рекоа дека постои ризик бактериите во респираторниот тракт на папата да влезат во неговиот крвоток и да предизвикаат сепса.
Доктор Алфиери, сепак, рече дека е уверен дека папата Франциск ќе ја напушти болницата во одреден момент и ќе се врати во Каза Санта Марта во Ватикан, но неговите хронични респираторни проблеми ќе останат.
Ново на Сител
-

Најмалку 21 пожар на отворен простор
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна политика
-

Град Скопје: Водата е безбедна
-

Скопјани масовно купуваат вода од маркетите - шпекулациите за ешерихија ги празнат рафтовите
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС го допре дното
-

„Политико“: ЕУ ги менува правилата за проширување поради страв од блокада на Унијата
-

25 години Охридски рамковен договор
-

„Пулс“ незаконски бил пренаменет во дискотека, објектот бил предвиден за лесна индустрија
