Важна победа за Македонија за задржување на првото место во групата
Во натпревар од 5. коло Ц-сегмент втора група во Лигата на нации, македонската фудбалска репрезентација ја совлада селекцијата на Естонија со 2:1.
На средбата одиграна попладнево на „Тодор Проески“ во Скопје, головите за домаќините ги постигнаа Иван Тричковски во 29. и Влатко Стојановски во 68. минута. За Естонците погоди Рауно Сапинен во 52. минута.
Селекторот Игор Ангеловски на овој натпревар ги немаше петмината стандардни во почетниот состав: Горан Пандев, Езѓан Алиоски, Аријан Адеми, Столе Димитриоски и Енис Барди.
На едно коло пред крајот на групната фаза, македонскиот национален тим е лидер во групата со 9 бода, додека Естонија остана на 2.
Вечерва се игра вториот натпревар од 5. коло на кој се среќаваат Грузија и Ерменија. Грузијците се втори со 6 бода, Ерменија има 5.
Ново на Сител
-

Втора шанса за прв впечаток: Може ли Скопје и Софија да ги поправат скршените односи?
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Патарини ќе може да се плаќа и преку мобилен телефон
-

Петмесечно бебе починато однесено на Детска клиника
-

Судскиот совет пред одлука меѓу судиите Димовска и Стефановски за претседател на Кривичниот суд
-

Само три лица издржуваат куќен затвор со електронска алка, ќе се менува Законот за пробација
-

Жестока расправа во Советот за кварталниот извештај за буџетот на Град Скопје
