Македонија
13. October 2017 - 15:19

Велес центар на "лажни вести", како од Велес преку компјутер се пишува светска историја?

Сe почна сосема случајно , кога неколкумина велешани навреме разбраа што ја интересира светската јавност, и почнаа со објавување на вести за време на кампањата во САД, поврзани со претседателскиот кандидат  Доналд Трамп. На почеток преземаа информации од странски портали, медиуми, а потоа откако тргна работата, почнаа и самите да пишуваат, измислуваат вести со добри наслови кои мамеа илјадници читатели во Американските држави но и ширум светот. Едноставен бизнис кој донесе многу пари за оние кои се занимаваат со оваа виртуелна професија.

Неколкумина добро се офајдија. Изборите во САД одамна завршија, но приказната за овие млади велешани се уште е интересна за медиумите. Низ светот овој македонски град го претставуваат како мал и сиромашен, од каде се регистрирани стотици веб сајтови кои објавуваат лажни вести од кои лесно се заработува.  Голем број обвинувања пристигнаа на адреса на велешани, но нивната работа не се коси со законите. Најпрво се обративме до МВР, дали до сега некој одговарал за пласирање лажни информации на своите веб сајтови?

Колку се вистинити информациите дека секој втор велешанец се занимава со објавување на лажни вести поврзани со политичарите во САД, со каква цел дојдоа новинари од светски познатите медиумски куќи да истражуваат во Велес и на крајот кој навистина ја донесе победата на Трамп , за мислење се обративме кај наш колега искусен новинар од Велес.

Разговаравме со ИТ експерт и еден од луѓето кои се занимаваат со интернет бизниси во Македонија. Нашиот соговорник кој сакаше да остане анонимен ни објасни дека интернет порталите од Македонија кои целат на американската публика не заработуваат само од политичка содржина. Многу поголем број од порталите се наменети за здравје, убавина, фитнеес, автомобилизам и други актуелни теми.