Велешки полицаец повреден при интервенција за нарушен јавен ред и мир
Полициски службеник од Полициската станица во Велес вчера при интервенција по претходно нарушен јавен ред и мир во поголем обем, бил удрен со камен по главата од страна на непознато лице.
Полицискиот службеник изгубил свест, а лицето побегнало во непознат правец. На полицискиот службеник му била укажана лекарска помош во Општата болница во Велес, каде што му била констатирана телесна повреда и е задржан на лекување.
МВР соопшти дека полицискиот службеник забележал како непознатото лице се обидувало со каменот да удри друг полициски службеник. Со цел да го спречи во намерата, полицискиот службеник го фатил за двете раце, но тоа успеало да се оттргне и со каменот го удрило него во пределот на главата.
По преземените мерки и активности утврден бил идентитетот на лицето. Се работи за Б.З. (22) од Велес. СВР Велес презема мерки за негово пронаоѓање и за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска