Вешти лица ќе даваат исказ за „Монструм“
Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето за случајот „Монструм“ на Специјалното јавно обвинителство, за петкратното убиство на Смилковско Езеро од 12 април 2012 година.
Предметот се наоѓа во доказна постапка, а на минатото рочиште искази даваа вешти лица кои извршиле повеќе вештачења во предметот познат како „Монструм“.
Според вештачењата на крим-техниката од МВР, како што беше кажано на рочиштето на 19 октомври, кај Смилковско езеро било пукало со две пушки „калашников“ и еден пиштол.
Вештаците, вработени во МВР во крим техника, кажаа дека не биле повикани на местото на настанот, туку материјалот им бил доставен по регуларен пат за анализа во лабараториски услови. Доставени биле 21 чаура, осум истрелани проектили и два дела од проектили. Од анализата се покажало дека чаурите се од муниција испукана од две пушки и еден пиштол.
За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.
Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.
Ново на Сител
-
Студентите на Штипскиот универзитет се едуцираат како да стартуваат сопствен бизнис
-
Преглед на вестите од светот
-
Парламентарна кампања
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски, новинар, аналитичар
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања