-->
-->
Викенд на екстремни спортови во Прилеп, првпат рели-крос со џипови
-->
Овој викенд Прилеп првпат, а воедно и Македонија, ќе биде домаќин на првиот меѓународен рели-крос „Маcedonian trophy“ со џипови, в сабота попладне ќе се одржи скејтерски натпревар на новиот терен кај Паркот на револуцијата, а в недела на полигонот кај Старо Лагово по четврти пат ќе се одржи меѓународната мото-крос трка.
На денешната прес-конференција Панчо Чупаркоски од „Оф роуд- Прилеп“ клубот, како организатор, нагласи дека на на меѓународното рели со џипови овој викенд ќе учествуваат преку 120 натпреварувачи.
- На овој прв меѓународен рели-крос „Macedonian trophy“ се пријавени 40 учесници од Бугарија, 10-ина од Србија и 60-ина од Македонија, а ќе имаме натпреварувања во две категории: трофи и хоби категорија. Трофи категоријата е возење по тешко достапен терен, а в недела ќе се вози на полигонот кај Старо Лагово. В сабота ќе се возат таканаречени „три специјали“ и тој што има најкратко време на извозувањето на патеката, е победник. Почетокот на трките е кај Заполшки мост на излезот од Прилеп, се продолжува во месноста Шаторов камен и целта е да се пробие патот кон селото Селце. Овој спорт, кој се смета и за скап со добро подготвени возила, е новост во нашата земја и чест е што е Прилеп е домаќин и се надеваме дека ќе прерасне во традиција. Жирито ќе ги прогласи најдобрите и ќе им додели награди, рече Чупаркоски.
Скејтерот Драганче Наумчески објаснува дека в сабота од 18 часот во Скејт-паркот кај Паркот на револуцијата ќе се одржи натпревар на скејтери и ролери.
- Ќе учествуваат натпреварувачи од Македонија, поточно од Скопје, Велес, Штип и од Прилеп. Ова ќе биде можност да се видат вештините на македонските скејтери и публиката добро да се забавува, вели Наумчески.
В недела на полигонот кај Старо Лагово по четрти пат ќе се одржи меѓународна Мото-крос трка во организација на клубот „Скај рајдерс“. За претседателот на клубот Ѓорѓи Манчески денот на полигонот ќе биде атрактивен за гледачите.
- Мотокрос трката в недела е меѓународна и е во состав на шампионатот на Македонија. трката е од 11 часот в недела. Ќе има две возења на 40-те учесници од Србија, Бугарија, од Косово и од Македонија. Настанот ќе го надлетуваат моторни параглајдери, а воедно ќе возат и џиповите од првото рели-крос во Македонија, рече Манчески.
Според градоначалникот Марјан Ристески, Прилеп се потврдува како град кој ги негува екстремните спортови, а потврда за тоа е и овој викенд.
- Екстремните спортови не само што се атрактивни, туку носат голем број посетители, а со тоа се популаризираат прилеп и македонија на светската мапа на адреналинските спортови. Ова е можност да ги поканиме сите посетители овој викенд, в сабота 15 и в недела 16 октомври да бидат во градот, вели Ристески.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска
-
Со повисоки казни до поголема безбедност во сообраќајот
-
ВМРО-ДПМНЕ бара ревизија судски пресуди
-
Три обвинителства немаат обвинители – Само една третина од службеничките места се пополнети
-
Преполовен прометот на маркетите по вчерашниот бојкот
-
Земаат плата, а не одат на работа – Ревизорите со години детектираат вакви проблеми во институциите
-
СДСМ: Дали ќе го чекаме Косово на патот кон ЕУ?