Вирусот откриен пред 100 години може да ги замени антибиотиците
Се очекува дека резистенцијата на антибиотици, односно, феноменот кога бактериите престануваат да реагираат на лекот, ќе стане главната причина за смрт и ќе убие 10 милиони луѓе до 2050 година.
Многу фармацевтски компании од целиот свет престанаа да прават нови антибиотици, а лековите, кои во моментов се во развој, сѐ уште се соочуваат со блокади кога станува збор за нивната примена. Поради околностите во кои се наоѓаат фармацевтските компании, сѐ повеќе се вртат кон идејата за терапија со „фаг“ (бактериофаг).
Терапијата ја прави вирусот кој ги убива бактериите, поточно бактериофагот. Откриен е на почетокот на дваесетиот век кога бактериофагот можел да лечи луѓе со бактериски инфекции.Овој метод се користел во земјите од Источна Европа и поранешниот СССР како алтернатива, кога антибиотиците ќе задоцнеле. Бидејќи е програмиран да се бори против бактериите, бактериофагот не претставува закана по човечкиот живот.
- Во овој вирус се крие потенцијал што антибиотиците го немаат. Мислам дека треба да работиме на развивање на овој вид терапија со цел да му направиме место на вирусот за да ги убива бактериите, вели колумнистот на Њујорк тајмс, Карл Цимер.
Многу фармацевтски компании подготвија планови, но очекуваат одобрување за тестирање.
Бактериофаг или скратено фаг е специфичен бактериски вирус кој се множи користејќи ги бактерии. Фагот плива во културниот медиум додека не ја најде бактеријата која инфицира за да го запре процесот на нејзино размножување, а наместо тоа започнува процес на градење на многу нови фаги. На крајот, бактериите се расфрлани и фагите се ослободуваат во културниот медиум, каде се повторува сето погоре опишано, но на многу повеќе бактерии.
Ново на Сител
-
Почина осуденик во затворот К’шање
-
Над 200 илјади родители и старатели може да пристапат до Е-дневникот преку мобилна апликација
-
Објавен списокот на кошаркари за натпреварите со Естонија и Полска
-
Училиштата ќе добијат упатство за постапување во случај на хибридни закани
-
Маж и жена од Неготино меѓусебно се истепале па се пријавиле во полиција
-
Над 900 санкции за сообраќајни прекршоци за еден ден на територија на цела држава
-
Диско-гел, нова метода на третман на дискус хернија во болницата ,,8 септември"
-
Јаневска: Наставникот ќе одлучи дали да се користат телефони на часот, одлуката за нивна забрана ја носат општините