Високите температури ризик за земјоделството, максимално да се активират системите за наводнување
Топлото време негативно влијае врз земјоделството. Почвата поизразено ја губи влагата, а културите се принудени интензивно да транспирираат. При недостиг на вода во текот на нивниот раст и развој може да дојде до намалување на приносост и квалитетот, предупредуваат агрометеоролозите. Поради тоа, се препорачува максимално активирање на системите за наводнување.
-Високите температури кои деновиве во делови од земјата надминуваат 40 степени, предизвикаа поизразено губење на почвената влага. Овие температури влијаат негативно врз земјоделските култури зашто доаѓа до интензивна евапотранспирација. Растенијата се принудени интензивно да транспирираат. При недостиг на вода во текот на нивниот раст и развој може да дојде до намалување на приносост и квалитетот. Потребата од вода за пролетните окопни култури или градинарските култури останува главен приоритет, при што неопходни се наводнувања и целосно активирање на системите за таа намена, објаснуваат агрометеоролозите од УХМР.
Тие потсетуваат дека денеска ќе се задржи многу топло време, со максимални температури кои го дефинираат портокаловото ниво за опасност од високи температури.
-И за време на викендот во попладневните часови ќе има појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура од сабота ќе опадне за 3-4 степени во споредба со денешната. Поради активираното портокалово ниво на опасност, се апелира да се почитуваат препораките за работа на отворено и сите активности кои се итни да се извршуваат рано наутро или приквечер, нагласуваат агрометеоролозите.
Ново на Сител
-
Бугарскиот амбасадор повикан на разговор во МНР поради пробиениот протокол на средбата Силјановска - Радев
-
Навреди од ко-претседавачот
-
Комитетот утре влегува во М-НАВ, од нив зависи дали и Обвинителството ќе отвори истрага
-
Какви незаконски работења откриле контролите на Фондот за здравствено осигурување во ЈЗУ
-
Вреди: Без амин од ДУИ ниту една фирма не може да добие ниту еден денар
-
Ѓорѓиевски: Градоначалниците се недопирливи
-
Обид за убиство во Кочани - напаѓачот е фатен и приведен
-
Опожарени три автомобили во Расадник во скопска Кисела Вода