Вистинска хорор сцена: Пронашле човечка глава пред нивната зграда
Во Земун во вторникот се одиграла вистинска хорор сцена. Станар од зградата на улица „Банатска59“, во Земун, се вратил во 15:30 во својот дом и откако се паркирал во гаражата, зад својата зграда пронашол човечки череп.
Според првичната проценка станува збор за череп од Втора светска војна, соопштија од полицијата. Меѓутоа, станарот на зградата Киро Тасков тврди дека сите соседи од оваа зграда рекле дека виделе глава од маж.
- Кога се вратив од работа, видов полиција и слушнав што се случило. Сите веруваме дека лабрадорката Астра која секогаш шета околу зградата и во околината ја довлекла таа глава од некое место. Соседката која тоа го видела била престрашена. Таа видела и коса на таа глава, раскажува Ашков за „Ало“.
Тој објаснува дека главата ја пронашол сосед кој бил полковник во Војска Србија и дека сите ги слушнале форезничарите кои тој ден вршеле увид дека според фазата на распаѓање, мажот починал пред околу 2 месеци.
Најдениот дел од телото е однесен на обдукција на Институтот за судска медицина, каде точно ќе се утврди староста за што точно станува збор.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николовски, министер за транспорт и врски
-
Бројката на повредени во трагедијата во Кочани надмина 200 - Во Македонија на лекување се 54 пациенти и се стабилни
-
Од идната недела ќе почне враќањето на дел од повредените на лекување во странство
-
Затворени 2 угостителски објекти, пуштале музика во денови на жалост, контролите продолжуваат
-
Засилени контроли во општините по трагедијата во Кочани
-
Собир на граѓани во Кочани
-
Големиот пожар што избувна доцна попладнето во близина на Струмица е изгаснат
-
Преглед на вестите од светот