Вистински пресврт не очекува за викендот со времето

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините само од снег.
Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има појава на магла.
Ќе дува слаб, во западните делови умерен ветер од западен правец.
Времето утре ќе биде сончево со умерена облачност, по котлините магливо. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Во сабота ќе биде умерено облачно, претпладне со магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.
Додека пак во недела ќе биде претежно облачно со умерен до засилен југоисточен ветер.
Од утре температурата ќе се зголемува, а за време на викендот ќе достигне и до 15 степени, што ќе предизвика топење на снегот на секаде.

Ново на Сител
-

Обвинетиот за потпалувањето на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Од 1 мај директна авиолинија меѓу Тиват и Скопје
-

Нелојална конкуренција во занаетчискиот сектор
-

Недела на италијанскиот јазик во Штип
-

Околу 3.500 граѓани од струмичкиот регион се пријавиле за бесплатна вакцинација против грип
-

Прилепската болница прва во Македонија ќе добие „Соба за испраќање на бебињата“
-

Преглед на вестите од светот
-

„Роаминг како дома“ во земјите од ЕУ од следното лето?!
