Влада: Идентитетските црвени линии се јасни, за резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ расправа Собранието
Позициите на Владата во однос на македонскиот идентитет и македонскиот јазик се познати, постојано поврдувани и јасни. Во секоја прилика Владата кажува дека од нив нема да отстапи. Идентитетските црвени линии се јасни и на граѓанитре и на меѓународната јавност.
Ова денеска на прес-конференција го истакна владиниот портпарол Душко Арсовски прашан за ставот на Владата за предлогот на владиниот коалициски партнер НСДП за консултативен референдум за преговорите со Бугарија со прашање дали РС Македонија треба да ги продолжи преговорите Бугарија онака како што таа ги бара.
Во врска со ставот на Владата за резулуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за спорот со Бугарија која СДСМ ја поддржа, а ДУИ бара доработка, Арсовски рече дека на Собранието е да предлага да расправа и да одлучува за резолуции и слични документи и иницијативи.
Ново на Сител
-
Џафери ќе ја извршува функцијата технички премиер до изборот на новата влада
-
Скопјанец го нападнал градоначалникот на општина Шуто Оризари, полицијата извршила службен разговор со него
-
Сиљановска Давкова: Ќе го почитувам Преспанскиот договор, но го задржувам правото на слобода на изразување
-
Кацарска ќе даде осврт за претседателскиот мандат во Уставен, до крајот на месецов ќе се знае нејзиниот наследник
-
Африм Гаши избран за претседател на Собранието
-
Терзиќ: Во еден натпревар можеме да го победиме Реал
-
Собранието ги верификува мандатите на 118 пратеници
-
Автомобил удрил во велосипедист во Скопје и избегал од местото на несреќата