Владата ги прати до Собранието предлозите за нови министри и заменици
Предлозите за новите членови во Владата синоќа се пратени во Собранието на РМ - Рената Дескоска е кандидат за министер за правда, Арбер Адеми за министер за образование и наука, Афас Адеми за министер за култура и Бардул Даути кандидат за министер без ресор.
- Владата доцна синоќа по 69. седница го прати во Собранието на РМ предлогот за нови владини членови откако успешно завршија разговорите за зголемување на владината коалиција, рече на прес-конференција портпаролот Миле Бошњаковси.
Дополнително, премиерот Зоран Заев до Собранието за именување заменици-министри ги пратил предлозите: Андреј Жерновски - кандидат за заменик-министер во Министерството за надворешни работи, Асим Муса - во Министерството за здравство, Ѓонул Бајрактар - за Министерството за труд и социјална политика и Садик Бекири - предлог за заменик-министер во Министерството за транспорт и врски.
Во Собранието се пратени и оставките кои треба да бидат констатирани - за Билен Салији, министер за правда, Рената Дескоска, министер за образование и наука и Роберт Алаѓозовски, министер за култура.
Од Владата во Собранието вчера се пратени и оставките на замениците-министри - Арта Точи од МНР, Гоце Чакаровски од Министерството за здравство, Арбер Адеми од МОН, Елмир Азири од Министерството за труд и социјална политика и Ремзи Мехмети, заменик-министер за транспорт и врски.
Бошњаковски информираше и дека ТВ-дуелот помеѓу претседателот на Владата Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечер ќе почне во 20 часот на Македонската радиотелевизија и ќе трае 90 минути
Ново на Сител
-
Министерство за правда изрази благодарност до турските власти за екстрадицијата на Палевски
-
МВР: Екстрадиран Љупчо Палевски, пренесен е во КПУ Затвор Скопје
-
АМСМ: Камионите се пренасочуваат од Блаце, има проблем со терминалот
-
Путин: Руските сили напредуваат на сите фронтови во Украина
-
Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија
-
Палчо вечерва слетува во Македонија - ќе биде пренесен во Шутка
-
Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор при собраниска седница
-
Пронајдена почината Аргентинка во хотелска соба во Охрид