ВМРО-ДПМНЕ: Дамјановски да го реши проблемот со водата во Куманово
Граѓани од неколку населби во Куманово живеат во субстандардни услови бидејќи на 40 степени немаат вода, а тоа е резултат од недомаќинското и неодговорно владеење на СДС и градоначалникот Зоран Дамјановски, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
- Централното градско подрачје веќе четири дена мака мачи со тропските температури кои надминуваат над 40 степени, во услови кога во градот нема вода. Покрај тоа што нема никаков дотур на вода во централното градско подрачје, високите зони исто така немаат вода по три до четири дена. Системот за водоснабдување на многу места во Куманово е нефункционален и е под постојан прекин, поради неодговорноста на надлежните локални власти, рече на денешната прес-конференција Зоран Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Додаде дека овој проблем се провлекува со години, но оти овојпат состојбата е загрижувачка.
- За сите граѓани, а особено за болните и изнемоштени луѓе, со хронични болести, основната потреба во овие тропски денови е водата. Но, очигледно дека партиските состаноци во скапи ресторани се побитни од потребите и жедта на граѓаните, рече Ѓорѓиевски.
Апелираше Дамјановски и другите надлежни да го решат овој проблем и, како што рече, да се обезбеди водата која граѓаните ја заслужуваат и уредно ја имаат платено.
Ново на Сител
-
По изборот на Трамп, Техеран се надева дека САД ќе ги преиспитаат „погрешните пристапи од минатото“
-
Царинска управа: Спречени обиди за криумчарење на стоматолошки инструменти, импланти за гради, цигари, фалсификувана стока
-
Дел од Општина Карпош без вода
-
Приведени двајца криумчари на мигранти
-
„Македоина Делије Радовиш“, го утнаа името на земјата од каде доаѓаат | ФОТО
-
Пожар во магацин на Железници во Кисела Вода, горат стари вагони | ФОТО
-
Австралија предлага забрана на социјалните мрежи за помлади од 16 години
-
Бајден брза да испрати помош за Украина пред инаугурацијата на Трамп