ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните бараат одговор од власта, зошто се дадени 40 милиони евра за лиценци
Сеуште нема одговор од власта и институциите, зошто се дадени рекордни пари за тендери за лиценци, во три години, 15 па 25 милиони евра, за една иста услуга?
Дали причината се колегијалните односи, помеѓу Ковачевски со Марко Андонов од Аитоникс, кој во тоа време бил колега на Ковачевски, тогаш министер, а сега премиер?
Во 2021-ва година Андонов, колегата на Ковачевски, владата го прифатила за конзул на Грузија во Македонија и притоа му отвора конзулат. Како е можно во нормална држава, на странски дипломати, да се доделува ваков тип на договори, односно лиценци за програми, кои треба да овозможат и безбедност?
Може власта да ги крие одговорите пред јавноста, но не за долго. Одговорност ќе има веднаш, по формирањето на новата влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?