ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните со оваа власт се повеќе осиромашуваат, на сметка на партиската олигархија на СДСМ
Аболицираниот криминалец Зоран Заев ги подели граѓаните на 99% сиромашни и 1% богати. Граѓаните со оваа власт се повеќе осиромашуваат, на сметка на партиската олигархија на СДСМ која забрзано се богатат.
Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај и секојдневно тонат во немаштија, функционерите од власта и нивните семејства редат милионски тендери од државни институции.
Живот дојде само за партиската олигархија, која го зацрнува животот на граѓаните, а не и за граѓаните.
Нема 500 евра плата, но има 1.5 милиони за тендери на невенчаниот сопруг на Царовска.
Нема 100.000 денари плата за лекарите, но затоа има 90.000 евра за тендер на сопругата на Макрадули.
Нема 600 километри нови автопати, но затоа има милиони за фирмите на Анѓушев.
Ветуваа живот, а донесоа очај. Наместо просперитет имаме стагнација. Државата мора да излезе од црнилото во кое ја втурна Заев. Зората мора да изгрее.
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом