ВМРО-ДПМНЕ: И неродените деца се должни заради Заев
Заев е во паника. Не сите пратеници што гласаа за Владата пак ќе го сторат истото повторно.
Гласањето беше само начин како да се стегне обрачот околу слабото, кревко владејачко мнозинство. Зоран Заев е исплашен и игра по нотите на ВМРО-ДПМНЕ. Мораше сам на себе да се докажува, и со притисоци и уцени да ги стегне пратениците.
И додека глуми стабилен. Државата ја задолжи за 850 милиони евра со камати.
И неродените деца се должни заради Заев. Долгот расте, а Македонија стагнира.
Владее сиромаштија. Македонија е меѓу ретките земји што се уште нема вакцини. Нема вакцини, ама има матни тендери.
Неспособната власт на чело со Заев не може да спроведе кредибилен и статистички попис. Неспособни се да направат реформи во образованието. Ја бутнаа земјата во рецесија. Македонија е во политичка криза. Македонија поради Заев стана држава со која што сите се потсмеваат.
Нема правда има криминал. Нема правда затоа што во државата владее мафијата. Криминалци владеат со државата. Со Заев и СДСМ Македонија стана една од најкорумпираните држави во светот.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

ЗНАМ не се изненадени од одлуката на Цеков да ги напушти
-

Тема на денот со Ѓорѓи Тоновски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања во Собранието
-

Миле Цеков ја напушти пратеничката група на ЗНАМ, ќе делува како независен пратеник
-

Драстичен скок на цената на нафтата, последиците кај нас допрва ќе следат
-

Македонија падна за три места на индексот за слобода на медиуми – состојбата е „проблематична“
-

Вандализам во ООУ “Ванчо Прќе” во Штип - наставата во прекин поради уништениот инвентар
