Македонија
7. August 2021 - 8:54

ВМРО-ДПМНЕ: Кога Македонија гори, половина Влада е на одмор

Дезертирањето на одмор среде кризна состојба Заев го прави предавник за кое треба да одговара.

Заев побегна од својот народ кога му е најтешко. Кога Македонија гори, кога се загрозени имоти и животи на граѓани, Заев како премиер и половина влада избегаа на одмор.

Срамно и бедно.

Заев и министрите се платени од народот да му служат, да ги решаваат нивните проблеми и да им ја гарантираат безбедноста, сопственоста и животот. Заев како премиер е најодговорен и затоа треба да биде во Македонија кога од пожарите се загрозени села и градови.

Тоа што прогласија кризна состојба, ги оставија граѓаните да голтаат чад и да се спасуваат како знаат, а во исто време Заев и пола влада да пијат коктели на одмор е кукавичлук.

Неспособноста е добро позната особина на власта на Заев, ама сега гледаме дека немаат ни срам ни перде.

Никој веќе не бара одговори од Заев и неговата власт. Народот бара одговорност.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Ново на Сител