ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ забрзано ја задолжува државата
СДС забрзано ја задолжува државата за стотици милиони евра.
Владата за само 5 месеци без никакво објаснување и реален основ ја задолжи државата и граѓаните за вртоглава сума од над 360 милиони евра, а од државните резерви испумпа 180 милиони евра. Тоа се над половина милијарди евра или неверојатни 540 милиони евра.
Вкупниот јавен долг со секој нов ден достигнува историско ниво, без да се каже на што и како се трошат парите кои со камата утре ќе ги враќаат граѓаните и идните генерации на Република Македонија.
СДС и Заев во предизборниот период ветуваше дека нема да ја задолжува државата и граѓаните.
СДС и Заев ветија. СДС и Заев излажаа.
Забрзаното темпо на задолжување од владата на СДС и Заев е закана за економска стабилност на Република Македонија.
Владата на СДС и Заев ги задолжува граѓанитем, а на сметка на тоа нема најава за започнување на ниту една капитална инвестиција од која граѓаните ќе имаат најголема придобивка.
Заев и неговите функционери од расипничката влада водат сметка само за нивниот луксузен и комотен живот, а не за интересите и потребите на граѓаните.
СДС и Заев вршат големо финансиско злодело со неоснованото задолжување и за ова мора да има одговорност.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија