ВМРО-ДПМНЕ: СЈО ги трошеше парите на граѓаните, а работеше за Заев
СЈО 4 години испумпа 12 милиони евра пари на граѓаните кои се потрошија за плати и хонорари за обвинителите рекетари и нивните роднини вработени како административен персонал.
СЈО ги трошеше парите на граѓаните, а работеше за Зоран Заев. Заев најавуваше хајка, а СЈО веднаш отпочнуваше монтирана истрага.
На обвинителите на СЈО им беа овозможени сите услови и комоција за работа, истите злоупотребија се и беа маша за рекетирање.
Во медиумите излегоа информации дека Катица Јанева 4 години земала месечна плата од бруто 120 илјади денари, а по основ на бонуси земала 250 илјади денари или вкупно 330 илјади денари месечно од буџетот биле одвојувани за Катица Јанева која на крајот заврши во затвор поради рекетирањето.
Според информации кои беа објавени во јавноста јавен обвинител во СЈО земал плата 120.000 денари бруто, односно 80.000 денари нето плус додаток од 160.000 денари секој месец.
Во медиумите видовме и прочитавме како во СЈО се вработувало непотистички и се вработувале партиски кадри на СДСМ. СЈО било претворено во институција за згрижување на роднини и партиски лица.
По примерот на обвинителите во СЈО биле и службениците, кои земале плата повеќе од просечен јавен обвинител во ОЈО.
Многу дадени пари од граѓаните, а ефект никаков. СЈО беше само маша во рацете на Зоран Заев за спроведување на хајки и криминал.Одговорност за целото незаконско работење ќе има.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНE
Ново на Сител
-
Притвор 30 дена за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски
-
Утре повторно бојкот на маркетите, министерот за економија најави нови мерки
-
Мицкоски: Одлуката на Уставен е конечна, ќе најдеме решение поединечно со компаниите
-
Се мапираат локалните предизвици
-
ИЈЗ: За една недела има над 3000 болни од грип – пријавени и два смртни случаи
-
Наместо нов Клинички, ГОБ 8-ми септември ќе станува регионален центар
-
Само електонски индекси од октомври?
-
ВМРО-ДПМНЕ до Собранието ќе донесе иницијатива за разрешување на членовите на Судски Совет