Македонија
22. November 2022 - 8:28

ВМРО-ДПМНЕ: Стани Славјанке фатена си во лага - имаш оставка за поднесување и хациенда за донирање

Ковачевски наместо да ја повикува Славјанка Петровска да станува, нека ја повика да дава одговори за непријавената хациенда со базен. Веќе стана очигледно дека Славјанка Петровска се повеќе се заглавува во лагата во која е фатена.

Јавноста дозна дека Славјанка Петровска поседува луксузна хациенда со базен во Радишани која не ја пријавила во нејзиниот анкетен лист.

Јавноста дозна дека објектот е дивоградба со што е прекршен членот 244 од Кривичниот законик.

Јавноста дозна дека Славјанка лаже кога еднаш рече дека пред 10 години го отуѓила имотот, за после да се дообјаснува дека бил продаден пред две години. Од една во друга лага.

Ја повикуваме Славјанка Петровска да го покаже купопродажниот договор за имотот, ако воопшто е продаден. Да објасни зошто уште се води на таа адреса со живеалиште. Колку и да бега, вистината ќе излезе на виделина.

Стани Славјанке Петровска имаш одговори за давање.

Стани Славјанке Петровска имаш одговорност за понесување и оставка за поднесување.

Стани Славјанке Петровска имаш хациенда за донирање на здружението на бранители од 2001 година.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ