ВМРО-ДПМНЕ: Субвенциите доцнат три недели, а не се исплатени и субвенции од 2017, 2018 и 2019 година
Земјоделците очекуваа прес конференција на која власта ќе каже кога ќе бидат исплатени субвенциите и зошто уште не се исплатени дел од 2017, 2018 и 2019 година и кој ќе понесе одговорност за тоа, а не да лажат за наводна помош.
Власта им должи на земјоделците, а никој не презема одговорност.
Заев кој во 2016 година дојде на власт лажејќи дека ќе има сигурен откуп и високи откупни цени за земјоделските производи сега никаде го нема и ги остави земјоделците на маргините.
Со СДСМ земјоделците секоја година го фрлаат родот на буниште, во канал или езеро. Ако беше се розево како што тврди СДСМ немаше стотици тони производи секоја година да одат на буниште.
Земјоделецот ги живее најтешките 4 години од својот живот. Со СДСМ нема една инвестиција, еден проект или мерка.
Време е лошиот период да го оставиме зад нас. Време е за Македонија за сите луѓе!
Центар за комуникации со јавност на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Путин му честиташе на Трамп
-
Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ
-
Бислимоски: Се уште е прерано да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари
-
Сменетиот израелски министер за одбрана: Нема причина армијата да остане во Газа
-
Доделени околу 80 отсто од ваучерите за купување инвертер клими
-
Лукашенко помилува 31 затвореник осудени поради „екстремизам“
-
Бајден вети мирен трансфер на власта
-
Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување