ВМРО-ДПМНЕ: Време е за одговори и одговорност, време е за предвремени парламентарни избори
Зоран Заев и Костадин Костадинов се најблиски соработници со првоосомничениот во „Рекет“. Тие го измислија, го штитеа и му даваа поддршка во рекетарските походи. Илјадници сликања, јавни настапи и почесни титули во криминалната невладина сведочат дека Заев, Костадинов и Тредичи се заедно, до гуша во криминалот.
СДСМ треба да погледне во сопствените редови и ќе види фотографии од цела влада, сите градоначалници и половина СДСМ со осомничените за „Рекет“. И не само фотографии, туку и меморандуми за соработка со Меѓународниот сојуз на Боки Тредичи преку кој очигледно биле перени парите од рекетот.
СДСМ наместо да ја дефокусира јавноста треба да одговори, дали се вистините написите во медиумите дека чантата со рекетот преку ГПС уред е регистрирана во владата.
Каде и кај кого се завршувале милионите од рекетот кој Боки 13 и Зоки Кичеец го вршеле, кој без СЈО и Зоран Заев воопшто и не би бил можен.
Време е за одговори и одговорност. Време е за предвремени парламентарни избори и обнова на Македонија.
Ново на Сител
-
Конференција на Судскиот совет
-
СДСМ: Вистинските социјалдемократи никогаш нема да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ
-
Познати се сите двојки за четвртфиналето на Евро 2024
-
Анкета: Еден од тројца демократи смета дека Бајден треба да се повлече од претседателската трка
-
Ураган на Карибите, има почнати и исчезнати
-
УНРВА: Најмалку 250.000 лица ќе бидат принудени да го напуштат Кан Јунис
-
На Табановце утринава се чека околу 20 минути
-
Облачно и посвежо со локален пороен дожд и грмежи