-->
-->
Внимателно на патиштата, сообраќајот се одвива во зимски услови
-->
Од 23:00 часот, сообраќајот на автопатот Скопје – Куманово кај клучка Рафинерија, поради извртено тешко моторно возило, е целосно во прекин за секаков вид на сообраќај.
Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските премини Стража и Ѓавато, како и на патниот правец крак Маврово - Дебар.
Забраната за сообраќај за тешки товарни возила преку планинскиот премин Плетвар се укинува во 23:30 часот.
Патните правци Демир Хисар – Крушево и Прилеп - Крушево се тешко проодни за секаков вид на сообраќај.
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, со остатоци од кашест снег, по интервенција на дежурните екипи од Македонијапат. Снег со слаб интензитет паѓа во Тетово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Дебар, Ресен, Крушево, Кичево, Буково, Пресека и Железнец. Слаб дожд врне во Неготино, Демир Капија, Удово и Гевгелија.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Д. Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково.
Од 15-ти Ноември на сила стапи законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 Март 2017 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис