Во 2015 година повеќе паркиралишта
Во 2015 година во земјава имало 251 објект за паркирање со површина од 718.255 метри квадратни, објави Државниот завод за статистика.
Според обработените податоци, 22.591 место за паркирање се на отворен простор, 3.843 места за паркирање има во покриените гаражи, додека во катните гаражи има 4.846 места за паркирање.
Во споредба со 2014 година, бројот на паркиралишта и гаражи е зголемен за 6,8 отсто, а бројот на местата за паркирање е зголемен за 20,1 отсто, во покриените гаражи зголемувањето изнесува 12,9 отсто, додека во катните гаражи, бројот на местата за паркирње е зголемен за 34,9 отсто.
Бројот на местата за паркирање на отворен простор за лицата со посебни потреби, во 2015 година, изнесува 412, во покриените гаражи 74, додека бројот на местата за паркирање во катните гаражи изнесува 53.
Со ова истражување се опфатени деловните субјекти за јавни паркиралишта во Република Македонија и паркиралиштата на општините.
Ново на Сител
-
Саша Поповиќ се лечел во Париз, за болеста дознал случајно откако скршил нога
-
Руте побара од Зеленски да ги поправи односите со Трамп
-
Дуда: Украина треба да се врати на преговори со Трамп
-
Почина Саша Поповиќ, основачот и директор на Гранд продукција
-
Александар Стефанов нов претседател на Ракометната федерација на Македонија
-
Пробале да го легитимираат, а тој со возилото удрил во полициско службено возило
-
Пронајдена дрога во Струмица и Гевгелија, приведени пет дилери
-
По инцидентите на масовниот протест во Атина приведени 220 лица