Во Атина утре средба Дендиас-Османи
– Преземањето на претседавањето со ОБСЕ, европската перспектива на регионот, Договорот од Преспа, билатералните односи, меѓу другото, според грчкото МНР, ќе бидат во фокусот разговори во Атина на министрите за надворешни работи на Грција и Северна Македонија Никос Дендиас и Бујар Османи, јави дописничката на МИА од Атина.
Шефот на дипломатијата ќе биде во еднодневна посета на грчката метропола во пресрет на преземањето на претседателството со ОБСЕ, а предвидено е да има тет-а-тет средба со Дендиас, состанок на двете делегации, како и работен ручек.
– Се очекува разговорите да се фокусираат на преземањето на претседавањето со ОБСЕ од страна на Северна Македонија, европскиот тек на Западен Балкан, целосното, доследно и добронамерно спроведување на Договорот од Преспа, дополнително зајакнување на билатералните односи во сите област, како и во регионалните и меѓународните случувања, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција во пресрет на средбата Дендиас-Османи во Атина.
Ново на Сител
-
Тројца сведоци на судењето за убиствата на Вања и Панче
-
33 години затвор за 13 велешани за силување малолетничка
-
Сирени за тревога во Киев, затворени неколку амбасади
-
Владата без дилема дала поддршка за кандидатурата на Шеќеринска, Мицкоски телефонски и честитал
-
Владата ја следи ситуацијата
-
Уставниот суд ќе расправа за 20-тина дена за Законот за јазици
-
Скопје остана без јавен превоз, автобусите на ЈСП немаат гориво - Хаос по постојките
-
За еден месец храната поскапела за 600 денари, кошницата надмина 62,000 денари