ОН: Во Авганистан годинава загинале повеќе од 1.200 цивили
Во Авганистан од јануари до јуни имало 1.282 цивилни жртви, а во истиот период се повредени уште 2.176 лица, се вели во извештајот на мисијата на ОН во Авганистан (УНАМА) објавен денеска.
Во овие бројки се вклучени 340 убиени и 727 повредени деца.
– Во време кога владата на Авганистан и Талибанците имаат историска можност да седнат заедно на преговарачката маса за мировните преговори, трагичната реалност е дека борбите продолжуваат нанесувајќи ужасна штета на цивилите секој ден, изјави Дебора Лајонс, специјалниот претставник за Авганистан на генералниот секретар на ОН.
Во извештајот антивладините сили како Талибанците и Исламската држава се посочуваат како главна причина за жртвите, со 58 проценти од убиените цивили. Провладините сили се одговорни за 23 проценти од убиените или ранетите цивили.
Сепак, овие бројки претставуваат пад од 13 проценти на бројот на смртни случаи и повредени пријавени во истиот временски период во 2019 година.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и врски
-
Aнгелов: Законот за бранители на Славјанка Петровска е кукавичко јајце кој во реалноста не може да се спроведе
-
Академијата за судии и обвинители ќе добие нов директор, во трка седуммина кандидати
-
ЕСM: Цевководот под Беласица ќе биде поставен во наредните неколку месеци
-
СДСМ: Со ВМРО-ДПМНЕ просечната плата паѓа
-
Инспектори казнуваат и се уништува небезбедна храна
-
Реформи во судството ќе има со политичка воља, во спротивно ќе останат само на хартија
-
Античка Стибера останува под земја