-->
-->
Во авионот на „Туркиш ерлајнс“ не е пронајдена бомба
-->
Не е пронајдена бомба во авионот на „Туркиш ерлајнс“ кој претходно денеска принудно слета во Ирска, поради сомнение дека во него има експлозивна направа, соопшти портпаролот на авио-компанијата.
Тој додаде дека авионот на летот ТК34 наскоро ќе полета за Истанбул.
Авионот леташе на линијата од Хјустон до Истанбул, но беше пренасочен, откако во тоалетот беше пронајдено парче хартија со испишана закана за бомба.
Патниците и екипажот беа евакуирани, а специјални единици го пребараа авионот, но не откриле ништо сомнително.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бројката на повредени во трагедијата во Кочани надмина 200 - Во Македонија на лекување се 54 пациенти и се стабилни
-
Од идната недела ќе почне враќањето на дел од повредените на лекување во странство
-
Затворени 2 угостителски објекти, пуштале музика во денови на жалост, контролите продолжуваат
-
Засилени контроли во општините по трагедијата во Кочани
-
Собир на граѓани во Кочани
-
Големиот пожар што избувна доцна попладнето во близина на Струмица е изгаснат
-
Преглед на вестите од светот
-
Отворена истрага за 34 осомничени, Обвинителството бара притвор за сите