-->
-->
Во Австрија откриено големо поле со гас
-->
Австриската нафтена и гасна групација ОМВ (OMV) денеска соопшти дека го открила „најголемото поле со гас во Австрија во последните 40 години“, изразувајќи надеж дека тоа може да ја ограничи зависноста од Русија.
Компанијата наведе дека полето е откриено во Долна Австрија, источно од Виена, по пет месеци работа.
Полето со гас на длабочина од 5.000 метри може да го зголеми производството за 50 проценти.
Историски поврзана со рускиот државен гигант Гаспром, компанијата ОМВ се обидува да ги зголеми своите извори на снабдување од почетокот на руската инвазија на Украина, но продолжува да добива гас од Русија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Експерти: Стабилна влада во Софија отвора пат за дијалог со Скопје
-
Тема на денот со Бојан Трпевски, Македонско здружение на млади правници
-
Ново проширување на позитивна листа на лекови на лето
-
Дирекцијата за заштита и спасување без план во случаи на пожар, поплава или земјотрес
-
Денеска завршува мерката „Новогодишна кошница“
-
Втор ден протест во администрацијата
-
Дали во ИЈЗ се вработувале административци без положен испит за службеници?
-
Муцунски и Рокас оптимисти – Дали во 2025-та Македонија ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ?