Во Берово и Лазарополе измерени -2 степени
Минусни температури утрово се измерени само во Берово и Лазарополе - 2 степени и на Попова Шапка - 1, додека во останатите населени места и градови температурите беа над нулата.
Во Крива Паланка и Маврови Анови се измерени нула стапени, во Охрид, Тетово и Претор еден, во Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Штип и Крушево два степени, во Струмица, Дебар, Демир Капија и Виница три степени, во Скопје-Зајчев Рид, Велес и Кавадарци четири степени и во Гевгелија и Дојран осум степени.
Најмногу дожд за изминатите 24 часа наврнало во Битола, Охрид шест л/м2, Дебар, Прилеп, Тетово, Маврови Анови, Лазарополе, Попова Шапка, Тополчани.
Во текот на ноќта преовладуваше ведро време, а изутринава е сончево со мала до умерена облачност. Наместа дува слаб ветер од променлив правец.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и наместа ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21 степен.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Максималната температура ќе достигне 19 степени.
Ново на Сител
-
Опозицијата обвинува за селективна истрага, власта вели одговорноста ќе има име и презиме
-
Посебен сообраќаен режим
-
Црвен крст: Првата исплата ќе изнесува по 2.400 евра на 240 семејства
-
Поддршка од Израел
-
Боре Видевски негира дека е вмешан во убиствата на Вања и Панче
-
Муртезани: Пристигнаа првите 52,4 милиони евра од инструментот за реформи и раст од ЕУ
-
Две лица убиени во пукотници во Волково
-
Четири пациенти во критична состојба