Во Битола одбележан Меѓународниот ден на белиот стап
Здружението на слепи лица, лајонс и лео клубовите од Битола денес го одбележаа 15 октомври, Меѓународниот ден на белиот стап.
Според востановената традиција, одбележувањето почна со прекин на сообраќајот на улицата „Димитар Илиевски-Мурато“, марш по Широк Сокак и јавна трибина во битолскиот Центар за култура каде на тема „Ориентација во просторот и развивање на моториката на слепо дете“ говореше Миле Гилевски, слепо лице, член на Здружението на слепи лица од Битола.
- Секоја година сме заедно со лајонсите бидејќи тие се наши искрени поддржувачи. Со маршот по Широк Сокак и кусиот прекин на сообраќајот сакаме да им укажеме на возачите да внимаваат кога се движиме и посебно да не ги паркираат своите возила на тротоарите. Посакуваме институциите конкретно да ни помагаат и во таа смисла би сакале дел од нив на влезовите да стават рељефни обележја кои ќе ни овозможат полесен пристап и снаоѓање, истакна Владо Димитровски, претседател на Здружение на слепи лица-Битола.
Традиционалниот настан во име на четирите лајонс и двата лео клубови од Битола годинава го координираше Лилјана Ристевска, претседателка на Лајонс клубот Хераклеа која потсети на досегашниот придонес и поддршка од лајонси за слепите лица, отворениот лајонс парк во Битола и други проекти.
- Ние како витези на слепите лица секогаш и беспоштедно се вложуваме за да помогнеме. Ги знаеме проблемите со кои се соочуваат членовите на Здружението на слепи и ќе продолжиме со нашиот ангажман да ја запознаваме јавноста и јавните институции, посочи Ристевска.
По повод 70 годишнината од основањето, и во знак на јавна благодарност за неодамна донираниот телефонски именик со брајово писмо кој го изработи Марјан Танушевски, член на Лајонс клубот Битола, членовите на Здружението на слепи лица-Битола му доделија благодарница за досегашната успешна соработка и исклучителен придонес за слепите и слабовидните лица во Република Македонија.
Ново на Сител
-
Владата го задолжи Министерството за правда да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител
-
Тема на денот со Бесар Дурмиши, министер за економија и труд
-
Владата иницира разрешување на Коцевски
-
10% маржа на 100 групи производи до крајот на април, мерката ќе биде донесена деновиве
-
Пукање во Чаир, еден убиен и двајца повредени
-
Какви мерки ќе има за цените?
-
Со инвестиции од 55 милиони евра во енергетиката, ќе се обезбеди струја за 20.000 домаќинства
-
Пад на листата за перцепција на корупцијата според Транспаренси