Во Боливија пронајден досега најголем отпечаток од стапало од диносаурус

Досега најголемиот отпечаток од стапало на диносаурус на светот, чиј пречник изнесува повеќе од еден метар, е пронајден во близина на главниот град на Боливја, Сукре.
Како што јави Би-Би-Си, се проценува дека овој џиновски отпечаток е стар повеќе од десет милиони години и му припаѓа на вид од двонижните месојади „Абелисауриџ“.
Отпечатокот е пронајден под купишта камења, за кои се претпоставува дека овозможиле тој да биде зачуван толку долго време.
- Според големината на отпечатокот, може со сигурност да се тврди дека овој изумрен вид бил висок околу 12 метри, изјави боливски палеонтолог, кој го анализирал откритието.
Се проценува дека вообичаена висина на овој вид диносуруси била околу девет метри. Според научниците, пред околу 18 милиони години во оваа област живееле голем број праисториски животни, имајќи предвид дека досега таму се пронајдени околу илјада отпечатоци.
Во близина на наоѓалиштето ќе биде отворен парк на диносауруси, каде луѓето ќе имаат можност да видат реплики на отпечатоци на диносауруси од различни видови.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за забрзан европски развој на Македонија
-

Муцунски во Киев: Стоиме со Украина, таа е суверена држава и нејзиниот територијален интегритет мора да се почитува
-

Сител ТВ вработува новинар во веб редакција
-

Тројца полицајци пренесени на Клинички по тешка сообраќајка во Скопје
-

Македонскиот фолклор одекна во Бразил: „Малешевка“ и „Калајџиско“ на светската сцена во Нова Прата, настапите продолжуваат
-

Прва берба, прво меѓународно оценување и две злата за винаријата „Монтеко“ на престижниот „Мундус вини“ во Германија
-

Јаневска: МОН не доделило стипендија на синот на Милошоски
-

73-годишна жена фрлала дрва кон деца, ги бркала со остар предмет, па им ја дупнала топката во Кичево
