Во Германија уапсени седум лица за криумчарење луѓе
Германската полиција денеска уапсила седум лица осомничени за криумчарење бегалци од Сирија во Германија, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Германската полиција денеска објави дека меѓу уапсените е 48-годишен Германец од либанско потекло, кој ја предводел групата. Групата, во која имало петмина мигранти, е уапсена по полициска акција во 40 домови во покраините Северна Рајна Вестфалија и Сарланд.
Според полициските оддели и јавните обвинителства во Санкт Аугустин и Вупертал, во акцијата за апсење на групата биле ангажирани 200 полицајци, а при претресите биле пронајдени парични средства, мобилни телефони, компјутери, хард дискови, како и пасоши и возачки дозволи.
Уапсените се товарат за спроведување на 50 операции за криумчарење на 250 Сиријци. Секој од бегалците плаќал по 1.500 евра за да биде донесен со автомобил или минибус во Германија преку Австрија и Унгарија откако претходно ја минале „балканската рута“. Криумчарите со луѓе се соочуваат со затворски казни од седум години.
Ново на Сител
-
Граѓаните ќе може да ја тужат државата пред Управен суд поради загаден воздух
-
Тема на денот со Агим Јонуз, политички аналитичар
-
Мицкоски во посета на Австрија
-
Преглед на вестите од светот
-
Со месеци се чека скен на коски
-
Таравари е сигурен дека има лекарски пропусти во случајот со починатото 14-месечно бебе
-
Вработени во ЗОО Скопје: Град Скопје сами си го напишаа соопштението дека инспектори со оружје влегле во зоолошка и направиле масакр
-
Инфлацијата во светот е ставена под контрола